Салах ја демантира веста за хаос во селекцијата на Египет: Сите сме заедно, нема никаков конфликт!

Најдобриот фудбалер на Египет, Мохамед Салах ја деминтираше веста дека ја напуштил репрезентацијата на еден натпревар пред крајот на групната фаза на Светското првенство 2018 во Русија.

Откако Египет остана без шанси за продолжување во следната фаза информациите зборуваа дека Салах се одлучил да го напушти националниот тим и да не игра на последниот натпревар, наводно нзадоволен од условите и комплетната атмосфера која владеела во селекцијата на Египет. Тој изразил отворено незадоволство што кампот на египетската селекција бил од отворен тип, па за цело време како на пазар дефилирале роднини, пријатели, бизнисмени и јавни личности од Египет.

Сепак, самиот Мохамед Салах се огласи на социјалните мрежи демантирајќи ги сите пишувања…

„Сите сме заедно. Нема никаков конфликт во репрезентацијата на Египет. Се почитуваме еден со друг и односот е на најдобро можно ниво“ – напиша фудбалерот на Ливерпул.

Се вчитува...