Мохамед Салах и дефинитивно останува во Ливерпул со нов договор до јуни 2027 година, пренесуваат англиските медиуми.
По долготрајна неизвесност, како што пишуваат Островјаните, сега е познато дека Салах и Ливерпул и дефинитивно постигнале договор кој ќе биде потпишани низ наредниот период.
Двете страни се нашле на средина од своите барања, па ќе биде потпишан двегодишен договор, со нешто подобри финансиски услови за еден од најдобрите фудбалери на „црвените“. Салах во моментов во Ливерпул има неделна плата од 400.000 фунти.
Салах во Ливерпул пристигна од Рома во 2017 година. Сезонава е најдобар стрелец во Премиерлигата со досега 13 постигнати погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА