Салах се збогуваше од кралицата, па доби лавина критики: Прашај го дедо ти…

Мохамед Салах неочекувано си создаде проблеми откако асот на Ливерпул преку објава на социјалните мрежи се збогуваше од Кралицата Елизабета, изразувајќи сочувство на кралското семејство.

„На овој емотивен ден, со мислите сум со кралското семејство“, меѓу другото напиша египетскиот ас, не ни насетувајќи дека неговиот пост ќе наиде на бурна реакција во арапскиот свет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mohamed Salah (@mosalah)

Во наредните часови илјадници следбеници на Салах на социјалните мрежи јавно го критикуваа голгетерот на Ливерпул за оваа објава.

„Што е со тебе? Прочитај што им направила на Арапите низ целиот свет пред да објавиш вакво нешто. Буквално го за.бала целиот наш свет“, гласи една од објавите.

„Прашај го дедо ти што ни правела, па објави ја оваа фотографија“, се надоврзуваа критиките кон фудбалерот на Ливерпул.

Мохамед Салах има над 52 милиони следбеници на инстаграм-профилот и додека има такви кои го поздравуваат неговото збогување од Кралицата Елизабета, голем дел од фановите во овој случај се против потегот на Салах.

Се вчитува...