Салах со уште една нова награда во Премиерлигата

Мохамед Салах можеби нема среќа со колективните трофеји сезонава откако ја загуби и титулата во Премиерлигата и финалето во Лигата на Шампионите со Ливерпул, но од друга страна пак индивидуалните награди не престануваат да пристигнуваат на негова адреса.

Откако беше прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата, тој денеска ја доби и најградата за најдобар според гласањето на навивачите.

Поточно, Мо победи во гласањето на официјалниот сајт на Здружението на професионални фудбалери во Англија.

 

 

 

Се вчитува...