Салах: Среќен сум за 250 голови, но најважно е што се вративме на вистински пат

Во 10-то коло од Премиер лигата , фудбалерите на Ливерпул ја победија Астон Вила на „Енфилд“ со резултат од 2:0 и ја прекинаа ужасната серија од четири лигашки порази по ред. Со 18 бода, тие го освоија третото место на табелата и се на -7 зад лидерот Арсенал.

Мохамед Салах прослави голем јубилеј на овој натпревар, бидејќи го постигна својот 250-ти гол во дресот на актуелниот шампион на Англија.

На самиот крај од првото полувреме, Египќанецот ја искористи грешката на голманот Емилијан Мартинез и ги донесе „Црвените“ во водство, а потоа Рајан Гравенберх го постави конечниот резултат.

„Многу важна победа за нас. Имавме неколку порази во Премиер лигата и во Лигата на шампионите, но ми е мило што се враќаме на вистинскиот пат. Ова е добар поттик пред тешките натпревари со Реал Мадрид и Сити “, рече Салах.

Крилниот напаѓач на Ливерпул додаде дека јубилејниот гол многу му значи.

„Прекрасно чувство е да постигнуваш голови и да освојуваш трофеи за толку голем клуб. Горд сум и благодарен за сè што постигнав. “

Се вчитува...