Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, го изрази своето незадоволство по поразот на минатогодишниот шампион на Англија од Астон Вила и повика на промена во стилот на игра.
Мохамед Салах вели дека Ливерпул мора да се врати на „хеви метал“ фудбалот од кој се плашат нивните противници, откако тимот „се распадна“ по поразот од Астон Вила.
Салах на крајот на сезоната ќе ги напушти „црвените“ од „Енфилд“. За девет години во клубот тој помогна да се освојат шест големи трофеи, вклучувајќи две титули во Премиерлигата, како и една Лиги на шампиони.
Сепак, пред последната рунда, Ливерпул се уште не обезбедил пласман меѓу првите пет, што би му гарантирало место во елитното клупско натпреварување во Европа следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
