Салах: Важно ми е само народот да биде горд на нас!

Египет се пласираше во полуфиналето на Африканскиот куп на нации, а Мохамед Салах беше прогласен за играч на натпреварот.

Одличниот офанзивен играч учествуваше во триумфот против Брегот на Слоновата Коска (3-2) со гол и асистенција.

„Пресреќен сум што поминавме понатаму. Натпреварот беше многу тежок, го видовте тоа сами – пет гола, беше интересно да се гледа, но не и да се игра. Сепак, ми е мило што на крајот успеавме да обезбедиме  полуфинале“, рече Салах и продолжи:

„Важно ми е да видам дека египетскиот народ е горд на она што го направив и уште еднаш им се заблагодарувам. Но, вистинската тајна на денешната победа се играчите. Тие дадоа сè од себе.“

Тој додаде дека тимот е свесен за квалитетот на своите ривали.

„Тие знаеја како да играат против врвни противници, од кои повеќето играат во Европа. Многу пати им кажав на оваа генерација колку сум горд што бев дел од нивната приказна. Уште повеќе ме радува што споделив време со оваа група, што ги гледав секој ден и видов колку е тешко за нив, особено во ерата на социјалните мрежи, што им го отежнува сè уште. Сите сакаме да и дадеме нешто на нашата земја. Никој не беше поштеден, од најстариот до најмладиот“, вели Салах.

Се вчитува...