Салах: За мене велат дека имам лоша сезона, а величаат други кои имаат идентичен број голови

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, се пожали на лошиот третман на медиумите во Англија, по победата над Тотенхем во дербито од 32. коло во Премиер – лигата. „Црвените“ славеа над Тотенхем со 2-1, со автоголот на Тоби Алдерверелд во 90. минута. Заслугата за победата му припаѓа на Салах, бидејќи по неговиот удар дојде до лошата интервенција на одбранбениот фудбалер на Тотенхем.

„Ме интересира дали од Премиер – лигата ќе ми го признаат голот или ќе биде автогол. Некои фудбалери постигнаа идентичен број голови како и јас, но за нив се зборува дека ја играат сезоната на кариерата, а за мене се говори дека имам лоша година“, вели Салах. 

Ливерпул се наоѓа на првото место на табелата со 79 бода, два повеќе од Манчестер Сити, но и еден одигран меч повеќе во однос на главниот ривал за шампионската титула.

Се вчитува...