Самарџиски прави кам-бек во кошарката – Потпиша договор со турски второлигаш

Поранешниот македонски репрезентативец по пауза од една година поради пандемијата од коронавирусот и се враќа на кошарката. 34-годишникот потпиша договор до крајот на сезоната со турскиот второлигаш Јени Мамак.

Тимот доаѓа од предградието на Анкара кој во моментов се наоѓа на осмата позиција во втората турска кошаркарска лига, а во нашиот центар гледаат кошаркар кој со своето искуство ќе донесе подобар пласман на клубот на крајот од сезоната.

Самарџиски минатата сезона играше исто така за турски второлигаш, Самсунспор, а во кариерата беше дел и од Партизан, ФМП, Црвена Звезда, Литвос Ритас, Мега, МЗТ Скопје.

Се вчитува...