„Самбата“ пак е во мода – моќен Бразил (видео)

Репрезентацијата на Бразил одигра моќно и славеше убедливо на домашен терен над Панама (6-2), покажувајќи дека се наоѓа во топ-форма на 13 дена пред првиот мундијалски натпревар против Мароко.

„Кариоките“ настапија без Нејмар, Маркињос,  Габриел и Мартинели, но сите оние кои добија шанса се покажаа во одлично светло, потврдувајќи дека селекторот Анчелоти не погрешил што ги вклучил во својот мундијалски список.

Винисиус беше играчот што го одбележа првото полувреме, асот на Реал најпрвин постигна еврогол за 1-0, а потоа му асистираше на Кашемиро при погодокот за 2-1. Во второто полувреме уште четири различни „кариоки“ се запишаа меѓу стрелците, и тоа Пакета, Игор Тијаго, Данило и Рајан.

Се вчитува...