Само 65 милиони евра можат да го донесат словенeчкото „чудо од дете“ во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед настојува ова лето да го ангажира словенското „чудо од дете“, Бенџамин Шешко. 19-годишниот фудбалер на Салзбург блесна на отварањето на новата сезона, но австрискиот клуб нема намера да го продаде доколку „црвените ѓаволи“ не пратат понуда од 65 милиони евра, пренесуваат англиските медиуми.

Англискиот клуб во младиот Словенец гледа замена за Кристијано Роналдо чија иднина на „Олд Трафорд“ е неизвесна по неуспехот за изборувањето на место во Лигата на Шампионите.

Словенечкиот репрезентативец се смета за еден од најталентираните играчи во генерацијата 2003, а за тоа говори и фактот дека е трансфер цел на „половина Европа“. Како ривал за потпис Манчестер Јунајтед ги има Челси и Њукасл од „Островот“, но и германските великани Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

Се вчитува...