Само Атлетико Мадрид не знае за пораз во цела Шпанија

Атлетико Мадрид е единствениот тим што останува без пораз во Ла Лига на стартот од новата сезона, по триумфот што избраниците на Диего Симеоне го забележаа на вечерашниот дуел со Бетис (2-0).

„Јорганџиите“ одиграа потпросечно прво полувреме, но потоа ситуацијата се сврте во нивна корист откако Љоренте погоди во првата минута од второто полувреме. Бетис беше принуден да се отвори и да тргне на „се или ништо“, а Атлетико го искористи тоа и со голот на Суарез во 90. минута стигна до победата.

Мадридскиот прволигаш моментно е второпласиран на табелата, со два бода помалку, но и натпревар помалку од градскиот ривал Реал Мадрид.

Се вчитува...