Само бод за Барселона во Билбао, Реал е се поблиску

Барселона втор меч во низа не успеа да победи во Ла Лига, ремизираше без голови на гости против Атлетик Билбао и му дозволи на Реал Мадрид да се доближи на шест бода негатива. Трката за шампионската титула во Шпанија повторно оживеа.

Лионел Меси не беше на своето ниво, а во таков случај и Барселона не може да одигра според посакувањата на тренерот Ернесто Валверде. Билбао отсекогаш важел за „жежок терен“ за Барселона која вечерва не успеа да стигне до посакуваниот триумф.

Се вчитува...