Само бод за Пандев и Џенова во Фиренца, Кришито го промаши првиот пенал во кариерата

Џенова стигна до значаен бод на гостувањето против Фиорентина, но Пандев и соиграчите имаат за што да жалат ако се земат во предвид промашените шанси на стадионот „Артемио Франки“.

Во главна улога беше голманот на домашниот тим, Драговски, кој на самиот почеток од средбата му одбрани пенал на Кришито, прв промашен пенал во кариерата на искусниот дефанзивец (ги реализираше сите 15 што досега ги изведе). Џенова потоа имаше уште две одлични шанси во самиот финиш да стигне до трите бода, но Драговски повторно феноменално интервенираше и не дозволи да биде совладан.

Пандев се најде во стартниот тим на Џенова и настапи на овој натпревар се до 62. минута, кога беше заменет со Санабрија.

Се вчитува...