Само осум минути беа доволни за првиот гол на Роналдо за Јувентус (ВИДЕО)

Само осум минути му беа доволни на Роналдо за да го постигне првиот го, во дресот на Јувентус.

Традиционалниот меч пред секоја сезона во која првиот тим игра со подмладокот на Јувентус, годинава беше посебен настан во местото Вилар Пероса. Трансферот на Роналдо и неговиот прв настап за „старата дама“ го зголеми интересот за овој контролно-ревијален натпревар па наместо планираните 5.000 гледачи, пристигнаа двојно повеќе.

А, сите оние што дојдоа да го видат Португалецот во дресот на Јуве не чекаа ни десет минути да го видат неговиот прв погодок.

 

Се вчитува...