Само по бод за двете Борусии

Борусија Дортмунд ремизираше 1-1 на гостувањето против Ајнтрахт, пропуштајќи можност да го прескокне Лајпциг во пресрет на гостувањето на овој тим против шампионот Баерн Минхен. Во отсуство на Халанд тренерот Фавр се реши за формација со Брант како „лажна деветка“. Ваквата тактика не вроди со плод, Ајнтрахт поведе уште на самиот почеток, а „милионерите“ во вториот дел преку тинејџерот Реина едвај стигнаа до бод.

Цел плен не освои ниту Борусија Менхенгладбах, откако овој тим ремизираше 2-2 на гостувањето против Фрајбург. Домаќините имаа водство од 2-1 по првото полувреме, а Плеа со гол во 50. минута спречи пораз на Борусија.

Резултати Германија:

Ајнтрахт – Борусија Д. 1-1, Фрајбург – Борусија М. 2-2, Арминија – Мајнц 1-1, Келн – Волфсбург 2-2.

Се вчитува...