Само што почна МЛС-лигата и феноменален гол: Волеј-мајсторија од 25 метри (ВИДЕО)

Новата сезона во американската МЛС-лига почна со спектакуларен погодок на натпреварот меѓу Сиетл и Минесота.

Сиетл одлично ја отвори сезоната доаѓајќи до убедлива победа од 4-0 против Минесота, во мечот кој го одбележа Жоао Пауло со спектакуларен гол на почетокот од второто полувреме.

Пауло прими една одбиена топка на 25 метри и потоа со волеј-мајсторија запиша неверојатен погодок за водство од 1-0.

Сиетл до крајот постигна уште три погодоци за конечна победа од 4-0.

Се вчитува...