Само уште три дена за пријавување по промотивна цена на „Охрид трчат 2018“

Само уште три дена од првичниот рок за пријавување (31. јануари) по промотивни цени за учество на атлетскиот викенд „Охрид трчат 2018“ кој оваа година ќе се одржи на 3. јуни во нашиот најголем туристички центар.

Атлетскиот викенд кој, по неговото минатогодишно извонредно издание, сега се повеќе го привлекува вниманието на домашната спортска јавност, врвните атлетичари но и желните рекреативци.

Промотивната цена за стартниот пакет за рекреативната трка на 5 километри и тим билдинг трката изнесува 300 денари, а за трката на 10 километри стартниот пакет чини 600 денари.

Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите, сите за Спорт“ подготвува многу изненадувања и новини на второто издание кое треба да ги помести границите во нашата земја.

„Трчањето за нас како Асоцијација на спортови секогаш било повеќе од хоби, тоа е повик кон охриѓани, кон сите граѓани на Македонија за здрав живот, повик за дружење и забава, повик за спортско европски Охрид. На 3. јуни 2018, по втор пат, ќе се одржа спортската манифестација ‘Охрид трчат’. Како и првата година, ‘Охрид трчат 2018’ им нуди на сите професионалци, рекреативци и тркачки ентузијасти неколку трки и тоа трка на 10 и 5 километри и тим билдинг трка како дел од трката на 5 километри. Ја имате уникатната можност да трчате по улиците на Охрид градот на УНЕСКО и да се дружите со светската историјата, култура и природно богатсво што веруваме ќе ви е доволна причина да учествувате“ – велат организаторите на атлетскиот собир.

А, повеќе информации околу пријавувањето и новините на „Охрид Трчат 2018“ може да најдете на официјалната интернет страница (www.ohridtrcat.mk).

Се вчитува...