Само „вечниот“ Висенте е секогаш на „Месталја“ (ФОТО)

Дуелот меѓу Валенсија и Аталанта вечерва се игра без присуство на гледачи како дел од мерките за заштита од ширење на коронавирусот.

Сите седишта на стадионот „Месталја“ се празни, со исклучок на едно, местото број 162 во редот 15 кое секогаш е резервирано за Висенте Наваро, големиот навивач на „лилјаците“ кој почина лани, а претходно 30 години не пропушти натпревар на својот омилен тим.

По неговата смрт е направена статуа поставена на местото за кое тој редовно купуваше сезонски билет.

Се вчитува...