Само за да се ослободи од него: Реал Мадрид ќе субвенционира половина плата на Герет Бејл

Реал Мадрид би давал половина од платата на Герет Бејл ако тој си замине во друг клуб. Според последните информации, Велшанецот би можел да направи трансфер во Премиер-лигата. Висината на платата што ја добива во Реал е нешто над 660.000 евра неделно. Наводно, Реал би подготвен драстично да ја намали цената Бејл. Англиските медиуми пред неколку дена тврдеа дека Реал се согласил да ја симне цената на 24 милиони евра излегувајќи му во пресрет на наводниот интерес од Манчестер Јунајтед.

Бејл се врати во Реал Мадрид и им се приклучи на соиграчите од тимот во подготвителниот период, но не учествува на тренинзите поради повреда на коленото која ја заработи за време на репрезентативниот настап за селекцијата на Велс. Тој одигра 45 минути против Финска и сите 90 минути во победата против Бугарија. Пред неколку дена, Герет Бејл во интервју тврдеше дека Реал Мадрид му прави опструкции пред потенцијалните трансфери.

 

 

 

Се вчитува...