„Самоубиство“ на Лестер за две минути

Лестер пропушти одлична можност да го скокне Челси на третото место на премиерлигашката табела, откако „лисиците“ по катастрофалното второ полувреме загубија на гостувањето против Борнмут со 4-1.

Избраницит на Брендан Роџерс одиграа одлично во првото полувреме, стигнаа до водство од 0-1 преку Варди, а потоа и не искористија неколку шанси за втор гол. Неочекувано, се се смени за само две минути во кои гостите извршија „самоубиство“. Најпрвин Станисла постигна гол од пенал за израмнување, а веќе во следниот напад Борнмут поведе преку Соланке, со неговиот прв премиерлигашки гол во дресот на овој клуб. Згора на тоа, Сојунчу фрустрациите ги изнесе на дело удирајќи еден домашен играч, па Лестер остана и со играч помалку во тие „црни две минути“.

Очајното второ полувреме го надополни Еванс, постигнувајќи автогол за 3-1, пред конечните 4-1 да ги постави Соланке.

Се вчитува...