Сампаоли: Меси страда бидејќи во Аргентина не е почитуван

Лионел Меси е на удар на јавноста во Аргентина, поради слабите игри кои ги покажува во националниот тим. Поранешниот селектор на „гаучосите“, Хорхе Сампаоли, вели дека тој многу страда поради жестоките критики кои ги добива во сопствената земја.

„Тој страда, навистина страда. Аргентинскиот народ повеќе сака да го уништува, отколку да ужива во неговите успеси. Не го почитуваат доволно. Работев со најдобриот фудбалер на светот, а не знам дали можам да кажам дека е најдобар во историјата и покрај сите негови рекорди, затоа што во родната земја е критикуван. Факт е дека Аргентинците не можат да уживаат во неговите успеси, како навивачите на Барса, но тоа навистина не е во ред“, изјави Сампаоли. 

Меси по настапот на Светското првенство во Русија направи мала пауза во репрезентативната кариера, а се врати во март на пријателскиот натпревар против Венецуела.

Се вчитува...