Сампдорија го нокаутираше Јувентус

Јувентус го претрпе и вториот пораз сезонава, губејќи со 3-2 на гостувањето во Сампдорија, по што актуелниот првак повторно заостанува четири бода зад лидерот Наполи. Масимилијано Алегри реши да се коцка и воопшто не ги вклучи Буфон и Барѕалји во тимот, додека го остави Пауло Дибала на клупата, па стратегот на „старата дама“ плати за овие свои одлуки.

Јувентус доминираше на теренот, но се беше попусто кога не реализираше бројни шанси во првото полувреме преку Игуаин, Манџукиќ и Квадрадо. Нокаутот се случи во второто полувреме, кога Самп набрзина поведе со 2-0 преку Дуван Запата и Тореира, во ситуации кога Шчешни можеше и подобро да интервенира. Јуве во меѓувреме промаши уште неколку шанси, не успевајќи да го совлада одличниот Вивиано, пред точка на мечот да стави Ферари. На 3-1 во судиското продолжение намали Игуаин од пенал, по стартот на Стриниќ врз Даглас Коста, пред Дибала да ги постави конечните 3-2 во 94. минута.

Беневенто немаше среќа да ја прекине неславната серија од 12 порази во низа, откако „фенерџијата“ со примен гол во 94. минута загуби со 1-2 од Сасуоло. Гостите први поведоа преку Матри во 57. минута, а осум минути подоцна Арментерос го постигна голот што требаше да го донесе историскиот прв бод на Беневенто во елитното италијанско фудбалско друштво. Сасуоло во 91. минута доби и пенал, но за среќа на домаќините обидот на Берарди заврши во гредата, за три минути подоцна гостите сепак да постигнат втор гол преку Пелусо и да ги скршат срцата на домашните навивачи и фудбалери.

Торино ремизираше 1-1 на домашен терен со Киево, меч на кој Белоти во второто полувреме не реализираше пенал, додека Киеза спаси бод за Фиорентина на гостувањето против СПАЛ.

Резултати Италија:

Кротоне – Џенова 0-1, Беневенто – Сасуоло 1-2, Сампдорија – Јувентус 3-1, СПАЛ – Фиорентина 1-1, Торино – Киево 1-1, Удинезе – Калјари 0-1.

Се вчитува...