Сампдорија поведе, па загуби од Лацио

Лацио успеа да извлече победа во последен момент на гостувањето против Сампдорија, славејќи со 1-2. Фелипе Каиседо во 90.минута од мечот го постигна победничкиот гол за „лацијалите“, кој донесе три важни бода во битката за излез на европска сцена.

Сампдорија прва поведе на овој меч, со голот на Дуван Запата во 56.минута. Домаќинот имаше водство се до 80.минута, кога Сергеј Милинковиќ – Савиќ го израмни резултатот. Потоа моментумот се сврте во корист на Лацио, а тоа го искористи Каиседо за победнички гол во последните мигови од средбата.

Се вчитува...