Самуел Ето му се враќа на фудбалот

Легендарниот камерунски напаѓач Самуел Ето би можел да се врати на терените. 39-годишниот Ето добил понуда од шпанскиот нисколигаш Мурсија да дојде во неговите редови и така да ја воскресне кариерата која ја заврши во 2019 година. Амбициозниот претседател на клубот, Морис Паниело изјави дека има шанси Камеруенецот да биде нов фудбалер на клубот.

„Во моментов шансите се 50-50 да го потпишеме. Следната седмица ќе знаеме се, а ако не успееме, имаме подготвено план Б“, изјави Паниело.

Враќањето на Ето сигурно би предизвикало големо внимание и нема дилема дека одличниот Камерунец добро би се снашол во некој помал клуб, но единственото прашање е колку е физички подготвен.

Се вчитува...