Самуел Ето се враќа на терените, повторно ќе игра во Шпанија

Саумел Ето би можел повторно да се врати на фудбалските терени. 39-годишниот Ето доби понуда да го облече дресот на шпанскиот нисколигаш Мурсија, и на тој начин повторно да ја заживее кариерата која ја прекина во 2019 година.

Амбициозниот претседател на клубот, Морис Пањиело, за „Марка“ истакна:

„Шансите да потпишеме договор со Ето во моментов се 50-50. Тој ни кажа дека за се ќе не извести во текот на следната недела. Ако не успееме тогаш имаме и план Б“ – изјави Пањиело.

Враќањето на Ето сигурно би предизвикало сериозно внимание и нема дилеми дека и со 39 години и тоа како би значел во играта на малиот шпански тим.

Се вчитува...