Санчез донесе триумф за Арсенал

Арсенал оствари очекуван триумф над Сандерленд од 2-0 на „Емирати“ за да ги задржи шансите за пласман во ЛШ пред последното коло од Премиер – лигата. Сега „топчиите“ имаат еден бод негатива во однос на Ливерпул, во битката за четвртата позиција која носи во квалификациите од елитното европско клупско натпреварување.

Долго време Арсенал не можеше да го скрши отпорот на гостите, а тоа му успеа на Алексис Санчез во 72.минута од дуелот. Девет минути подоцна истиот фудбалер зголеми на 2-0 и ги разреши дилемите околу победникот.

All Goals Arsenal 2-0 Sunderland – 16.05.2017 by smoki-bobi

Се вчитува...