Санчез од пенал му донесе цел плен на Арсенал

Арсенал со многу мака успеа да стигне до цел плен на гостувањето против Барнли, откако избраниците на Арсен Венгер со гол од пенал во 92. минута славеа со 0-1 над незгодниот противник.

Месут Озил не беше во тимот на Арсенал за оваа средба, а инвентивноста на Германецот им недостигаше на „топчиите“, кои имаа посед над топката, но тешко создаваа шанси во противничкиот шеснаесетник. Барнли ја имаше најубавата шанса во првото полувреме, кога шутот на Гудмундсон заврши во дирекот од голот на Петр Чех. Венгер во второто полувреме ги уфрли и Вилшил и Велбек, но без премногу полза бидејќи гостите не создадоа ниту една стопроцентна шанса, се до 92. минута, кога Рамзи беше фаулиран во шеснаесетникот по еден центаршут, а Алексис Санчез го постигна голот за огромни три бода.

„Топчиите“ со овој триумф сега имаат 25 бода и ги скокнаа на табелата Тотенхем и Ливерпул.

Се вчитува...