Санчо донесе победа за „милионерите“ во 87. минута… (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд се запиша сериозно во трката за позициите кои носат во Лигата на шампионите откако славеше со 3-2 во драматичен натпревар против Лајпциг во 32. коло од Бундеслигата.

„Милионерите“ поведоа со 2-0 со головите на Ројс во 7. минута и Санчо во 51. минута, но потоа гостите успеаја да стигнат до 2-2, за да Санчо во 87. минута со својот втор гол донесе важна победа.

 

Волфсбург запиша убедлива победа од 3-0 против Унион Берлин со која ја задржата третата позиција на табелата.

 

Се вчитува...