Санчо ги искачи „милионерите“ повторно на врвот во Бундес-лигата

Борусија Дортмунд го совлада Мајнц со 2-1 на домашен терен и повторно се искачи на врвот на табелата во Бундес-лигата со 66 бода, два повеќе од Баерн Минхен, кој утре гостува кај Фортуна Диселдорф.

Џејдон Санчо беше човекот на одлука во составот на „милионерите“. Тој во 17.минута ја искористи асистенцијата на Марио Геце за да донесе водство, а седум минути подоцна и го удвои со уште еден погодок.

Во финишот, Мајнц намали на 2-1 со погодокот на Робин Кваизон во 84.минута од натпреварот.

Се вчитува...