Санчо одлучи каде ќе игра следната сезона

Младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо со одличните игри во Германија, го привлече вниманието на светската јавност.

Најголем кандидат за неговиот потпист е Манчестер Јунајтед, но според последните пишувања на медиумите во Германија, тој сака уште една година да помине во тимот од „Сигнал Идуна парк“. Тој ќе ги одбие милионите кои што доаѓаат од европските гиганти, како би можел да се развива под водство на Лусиен Фавр.

Сезонава Санчо забележа 32 настапи за Борусија Дортмунд, на кои постигна 11 гола и забележа 17 асистенции. Пред доаѓањето во германскиот клуб, Санчо ги бранеше боите на Манчестер Сити, од каде што замина бидејќи не верувал дека ќе добие шанса да се наметне во првиот тим.

Се вчитува...