Санчо се договори – ќе зема помала плата од рекордот на Алексис Санчез

Џејдон Санчо е чекор поблиску до преселба на „Олд Трафорд“ откако англискиот репрезентативец ја прифатил понудата за петгодишен договор што ја доби од управата на Манчестер Јунајтед. Весникот „Дејл Мејл“ објави дека е постигнат целосен договор меѓу клубот и фудбалерот, кој во Манчестер ќе заработува огромни 340.000 фунти неделно.

Санчо ќе биде најплатен играч на „црвените ѓаволи“ во новата сезона, но нема да биде и најплатен во историјата бидејќи Алексис Санчез имаше договор за 350.000 неделна плата со англискиот гигант. Јунајтед конечно успеа да се ослободи од Санчез, давајќи зелено светло за негов перманентен трансфер во Интер, а ослободениот простор во буџетот за плати придонесе Санчо да добие понуда што никако не може да се одбие.

За официјализација на трансферот се чека само на договор меѓу клубовите, при што преговорите влегуваат во завршна фаза. Борусија не отстапува од отштетата од 120 милиони евра, но германскиот клуб се согласил да добие две третини од сумата годинава, а остатокот да биде поделен на неколку годишни рати.

Се вчитува...