Сандро Тонали пред потпис со Интер

Младиот италијански репрезентативец Сандро Тонали треба да биде големо засилување за калчолигашот Интер во претстојниот летен преоден рок. Раководството на клубот од „Џузепе Меаца“ излегол победник во трката со актуелниот шампион Јувентус, а главната улога ја одиграл тренерот Антонио Конте. Тој, според италијанските медиуми, му ветил на Тонали дека ќе има значајна улога во средниот ред на Интер во наредните неколку сезони.

Интер за потписот на Сандро Тонали на Бреша ќе и исплати 50 милиони евра, а фудбалерот ќе добие годишна плата од 4 милиони евра.

„Нероаѕурите“ ова лето ќе треба да исплатат уште 20 милиони евра на Сасуоло и за Стефано Сенси и комплетно да го откупат неговиот договор.

Се вчитува...