„Сане е арогантен, медиумите се здружија со него за да го оцрнат Мане“

Садио Мане и Лерој Сане имаа конфликт после испаѓањето на Баерн од Лигата на шампионите од Манчестер Сити во првиот меч од 1/4 финалето во Лигата на шампионите. Тандемот наводно се степал во соблекувалната на „Етихад“, а епилогот бил дека Сане го удрил по главата Мане.

На крајот Мане замина од Баерн и отиде во Ал-Наср за плата од 22 милиони евра годишно, а неговиот менаџер Бакари Саре ги откри деталите  од конфликтот со Мане.

„Многу работи погрешно беа пренесени за тоа што се случуваше. Тоа се валканите работи од страна на германските медиуми кои се здружија со Сане за да го оцрнат Мане. Лага е дека Баерн го казнил Мане со 500.000 евра поради инцидентот. Секој кој го познава европскиот фудбал знае деак Сане е многу арогантен, а Мане е спротивното – многу мирна и повлечена личност. Сане расистички го навредуваше Мане. После тоа Мане му пријде, а Сане веднаш го удрил, и морале да интервенираат другите играчи. На крајот на краиштата Сане се извини. Зошто? Затоа што знае дека тој е виновен“, рече Саре.

Се вчитува...