Санта Клара ја удвои предноста против Шкупи на „Тодор Проески“

Португалската Санта Клара на самиот почеток од второто полувреме веќе има предност од 0-2 против Шкупи на арената „Тодор Проески“ во Скопје во првиот натпревар од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.

Португалците откако во првото полувреме со автоголот на Ратубајае во 30. минута дојдоа до предност, веќе на стартот од вториот дел дојдоа и до 0-2 со голот на Карлос во 49. минута.

Се вчитува...