Санта Клара со предност од 2-0 против Шкупи на полувремето (ВИДЕО)

Екипата на Шкупи сосема извесно е пред елиминација во 2. квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига, откако на реванш-дуелот против португалската Санта Клара има негатива на полувремето од 2-0.

Португалците до водство од 1-0 дојдоа со голот на Карлос во 13. минута од средбата.

Во 39. минута Виљануева погоди со глава за предност и од 2-0.

По онаа победа од 0-3 на првиот натпревар во Скопје, Санта Клара веќе има убедлива предност од 5-0.

Се вчитува...