„Сантијаго Бернабеу“ замолкнат: Барса не простува таква смешна грешка на „кралевите“ (ВИДЕО)

И покрај тоа што Реал Мадрид влезе со фаворитската улога во првиот меч од полуфиналето на Купот на Шпанија затоа што Барселона и тоа како ослабена пристигна во Мадрид, сепак „Сантијаго Бернабеу“ е замолкнат по првите 45 минути.

По почетното испитување на силите Барселона успеа да стигне до водство од 0-1 на полувремето, благодарение на голот во 27. минута.

Грешката на фудбалерите на Реал на својата половина ја користи Гави кој го запослува Кеси чиј удар успева да го одбрани Куртоа, но топката неспретно се одбива од Милито и завршува во кралската мрежа.

Иако првично голот беше поништен поради офсајд, сепак по реакцијата на ВАР признаен е погодокот на Барселона.

Се вчитува...