Сантош за Роналдо: Добар е, сака да игра, ни зборува од балконот

Кристијано Роналдо е во добра состојба и нема никави симптоми, потврдува селекторот на португалската фудбалска репрезентација Фернадно Сантош. Тој објаснува дека Роналдо нема идеја како се заразил со COVID-19.

„Добро се снаоѓа во ситуацијата. Седи во неговата соба и вели дека сака да игра. Ни зборува од горе, од балконот. Добар е, нема никакви симптоми и воопшто нема идеја како му се случило ова“ – објасни Сантош.

Роналдо вчера го доби позитивниот резултат и почна самоизолација. Ќе го пропушти дуелот на Португалија со Шведска денеска, а ќе отсуствува и од неколку натпревари на Јувентус со оглед дека треба да биде изолиран најмалку десет дена, а најмногу две седмици.

 

 

 

Се вчитува...