„Сапуницата“ продолжува: Салах со нова објава на социјалните мрежи

Играчот на Ливерпул, Мохамед Салах кој беше суспендиран од Ливерпул и не беше земен на гостувањето во Милано на мечот против Интер во Лигата на шампионите, се огласи со нова објава на социјалните мрежи.

Египѓанецот сподели фотографија од салата за кревање товар каде што тренираше денеска, додека неговите соиграчи ги очекува дуел со италијанскиот вицепрвак. Немаше никаков текст во објавата.

33-годишниот фудбалер влезе во конфликт со тренерот Арне Слот, поради интервју во кое го изрази своето незадоволство поради неговата послаба минутажа во последно време. Поради тоа, Слот се одлучи да не го земе, а тренерот на Ливерпул ја образложи одлуката како заедничка со раководството.

Се вчитува...