Фудбалските клубови Сараево и Вележ го пријавија тренерот на Зрињски, Игор Штимац, до Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина. Тоа го направија затоа што Штимац го употреби слоганот „За дом подготвени“.
Штимац беше во центарот на вниманието поради објавата во која нападна некои медиуми за исламизација на Европа, а на крајот го напиша усташкиот поздрав „За дом подготвени“.
Сараево, Вележ и некои други клубови од БиХ решија да се жалат и да го пријават тренерот на шампионот Зрињски.
Тие потсетуваат дека член 14 од Дисциплинскиот правилник на УЕФА јасно дефинира дека навредувањето на човечкото достоинство врз основа на религија, раса или етничко потекло е сериозен дисциплински прекршок.
Затоа, тие бараат ФС на БиХ да покрене постапка против Зрињски и Игор Штимац, како и да изрече строга и соодветна санкција за стратегот на тимот од Мостар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

