Маурицио Сари ја загуби довербата на управата на Јувентус, а по последните изјави како фудбалерите не ги разбираат неговите замисли, италијанскиот стратег веќе ја нема ниту поддршката на главните играчи на „старата дама“.
Тој ќе остане на клупата на „црно-белите“ до крајот на сезонава, но веќе е донесена одлука Јувентус во текот на летото да направи нова тренерска рокада, со Гвардиола и Покетино како главни кандидати за негов наследник.
Сепак, Сари нема долго да биде без клуб откако Милан изрази подготвеност да го доведе овој стратег на клупата, како предводник на долгорочниот проект на „росонерите“. Малдини и Пиоли се свесни дека со Пиоли тимот нема да може да се вмеша во битката за висок пласман, но веруваат дека Сари со концепт сличен на оној во Наполи може да го врати Милан на победнички патеки, во борба за трофеи на италијанската фудбалска сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА