Сари го остави Елмас на клупа, претрпе пораз, па ќе добие отказ

Маурицио Сари во следните 24 часа дефинитивно ќе добие отказ во Аталанта откако тимот од Бергамо се посрамоти на вечерашнит дуел со Парма, губејќи на домашен терен со 0-3.

Сари беше на чекор до отказ, но токму овој меч му беше даден како последна шанса да го консолидира тимот. Не само што тоа не се случи, туку Аталанта беше целосно надиграна од еден од најслабите тимови во лигата, па разделбата од искусниот стратег сеега веќе е неизбежна.

Тој неочекувано го остави Елиф Елмас на клупата без оглед на одличните партии на македонскиот „дијамант“ во последон време. Парма имаше 0-1 на полувреме, а по погодоког на Зантани за 0-3 во 58. минута, тренерот на Аталанта четири минути подоцна го уфрли нашиот ас во игра. Дефинитивно, веќе беше предоцна, гостите рутински ја одработа задачата до крајот, а Аталанта го претрпе петтиот пораз во десеттиот овосезонски натпревар.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...