Сари го знае наследникот на Азар во Челси

Белгискиот интернационалец Еден Азар во летниот преоден рок најверојатно ќе го напушти Челси и ќе направи трансфер во Реал Мадрид, а на Островот веќе го најавуваат неговиот наследник на „Стемфорд бриџ“. Менаџерот Маурицио Сари ќе ги искористи старите добри релации и ќе го донесе Лоренцо Инсиње во Челси.

Офанзивецот на Наполи се споменува и како потенцијално засилување за Ливерпул, но Сари секако е голем адут на Челси во преговорите со Инсиње. Сепак, раководството на Наполи нема така лесно да се откаже од неговите услуги и сигурно ќе очекува понуда од најмалку 100 милиони евра.

Лоренцо Инсиње е во одлична форма оваа сезона, на 27 натпревари постигна 11 гола и забележа шест асистенции.

Се вчитува...