Сари има лев бек за Јуве, Кјелини „фит“ за дербито

На еден ден пред одигрувањето на големото дерби во Италија, Наполи и Јувентус добија пријатни вести.

Маурицио Сари го реши најголемиот проблем во неговиот состав, има лев бек на располагање. Марио Руи закрепна од повредата на зглобот и ќе биде во комбинација за утрешната средба. Лидерот во Серија А се соочуваше со голем хендикеп откако двајцата фудбалери кои ја пополнуваат левата бековска позиција беа вон строј. Гулам е далеку од враќање на терените, но опоравувањето на позајмениот играч од Рома, Марио Руи, ќе биде голем плус за „наполитанците“.

Џорџо Кјелини е големото „засилување“ на Јуве, откако ги пропушти натпреварите против Кротоне и Барселона поради повреда на бутниот мускул. Дефанзивецот во претходните денови работеше индивидуално, со додатни напори да биде подготвен токму за дербито. Oд клубот соопштија дека тој се приклучил на тренинзите на првиот тим, па се очекува Кјелини да биде на располагање на тренерот од првиот свиреж за судијата.

Се вчитува...