Сари: Кога веќе губам, мило ми е што е од Наполи

Маурицио Сари со право беше разочаран по слабото издание на Јувентус на дербито со Наполи, во кое стратегот на „старата дама“ загуби од својот поранешен клуб.

„Ова беше лош натпревар, имавме погрешен пристап, не можевме да играме онака како што знаеме. Бевме премногу пасивни, бавни, секој имаше по пет допири со топката. Направивме да загубиме од Наполи иако и домаќините не беа на своето највисоко ниво“, истакна стратегот на Јувентус.

Тој ризикува да го навлече бесот на навивачите на Јуве изјавувајќи дека не му е премногу жал што претрпел пораз од „наполитанците“.

„Јас никогаш не кријам, Наполи има посебно место во моето срце. Ако веќе губам, мило ми е што тоа е од Наполи, да помогнам овој тим да излезе од кризата во која се наоѓа“, прокоментира Маурицио Сари.

 

Се вчитува...