Сари: Малку се 100 милиони евра за Азар

Челси се искачи на третата позиција на табелата во Премиер – лигата, а свое шоу имаше Белгиецот Еден Азар кој со два гола го донесе триумфот над Вест хем. Неговото одлично издание го пофали и менаџерот Маурицио Сари, кој не сака да го загуби по завршувањето на сезоната. Азар е пред трансфер во Реал Мадрид.

„Малку се 100 милиони евра за Азар. Тој вреди многу повеќе. Видовме во изминатиот период какви суми се трошат за најдобрите светски фудбалери. Азар е еден од нив. Тој влегува во последната година од договорот, јас без сомнение би сакал да остане, но ќе видиме што ќе се случи. Сепак, самиот ќе ја донесе важната одлука“, изјави Маурицио Сари по триумфот над Вест хем.

Шпанските медиуми најавуваат дека Реал Мадрид за сума од 100 милиони евра ќе го ангажира Еден Азар во летниот преоден рок, а тој ќе потпише шестгодишен договор со „кралскиот клуб“.

Се вчитува...