Сари многу лут: Не знам зошто ама играчите не ме разбираат

Стратегот на Јувентус, Маурицио Сари очекувано беше многу лут по синоќешниот пораз од Лион со 1-0 по првиот натпревар од осминафиналето во ЛШ.

Јувентус делуваше очајно во првото полувреме, за што Сари нема објаснување…

„Тешко е да се објасни зошто… Не знам зошто не можам да ги натерам играчите да ја разберат важноста од брзо предавање на топката. Тоа е основно. На тренинзите работиме едно, на натпреварите е сосема друго. Како да не ме разбираат. Но, ќе продолжам да им зборувам, па порано или подоцна овој концепт ќе им влезе во главата. Кога топката е спора тогаш ја губите својата положба, дозволувате на противникот да ве затвори да биде агресивен и да ви ја земе топката“ – вели Сари.

Ако сака во четвртфиналето, Јувентус во Торино на реваншот ќе мора да го победи Лион со два гола разлика.

Се вчитува...