Сари: Направив голема глупост…

Јувентус се пласираше во финалето на италијанскиот куп по синоќешните 0-0 со Милан. Кристијано Роналдо промаши пенал во 16. минута, а Анте Ребиќ доби црвен картон поради жесток прекршок. Милан со десет фудбалери на терен не можеше посериозно да го загрози пласманот на Јувентус во финалето.

„Пријатно сум изненаден како игравме, посебно првиот половина час. Чудно беше без гледачи, но мислам дека добро комбиниравме. По црвениот картон на противникот несвесно се опуштивме. Факт е дека ќе ни треба уште време да се активираме како што треба“ – истакна по мечот тренерот на Јувентус, Маурицио Сари притоа дополнувајќи:

„Направив и глупост. Малку се изгубив со тие пет замени. Не ги распределив како што треба, па три направив одеднаш што можеше да биде кобно, бидејќи го нарушив ритамот на тимот. Мора тоа во иднина малку подобро да го планирам“.

Се вчитува...