Сари: Не им ја одземајте забавата на луѓето

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, смета дека натпреварите од италијанскиот шампионат требаше да продолжат. Италијанските власти донесоа одлука за суспензија на Серија А до 3 април, како впрочем и прекин на сите спортски активности во дражавата, но Сари верува дека е подобро првенството да биде продолжено, дури и со натпревари што би биле играни без публика.

„Паметните луѓе не треба да го губат разумот. Се плашам од теоретичари што минуваат по половина час зборувајќи на шест различни теми. Не знам што ќе се случува, но според мене не треба да им ја одземеме на луѓето забавата, макар и два часа пред телевизор кога веќе седат во своите домови и не им се препорачува да излезат надвор. Да бидам искрен, немам чувство на страв, но не можам ниту да кажам колкав е ризикот“, истакна Сари.

За разлика од него, легендарниот италијански тренер Марчело Липи смета дека Калчо-лигата мора да биде прекината.

„За мене најправедно е првенството да биде прекинато. Во Италија се заразени многу луѓе, болеста мора да биде запрена. Играчите не треба ниту да тренираат, а не да играат натпревари“, порача Липи.

Се вчитува...