Сари: Не ми заблагодарувајте на мене, туку на мајката која го родила

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари е посочен како еден од виновниците за голгетерската серија во која е влезен, Кристијано Роналдо. Искусниот стратег вели дека тој не е виновен за тоа, туку дека сите заслуги идат кај мајката на португалскиот ас.

„Немам јас ништо со него. Ако на некого треба да му се даде признание, тогаш тоа е неговата мајка, која го родила и го направила да биде најдобар на светот“, изјави Сари. 

По кризата која ја имаше на крајот на минатат година, Роналдо е влезен во серија од 13 погодоци на последните девет натпревари, во Серија А, Копа Италија и Лигата на шампионите.

Се вчитува...